ЈЗУ Општа болница се придржува на препораките на Министерство за здравство
Почитувани пациенти,
Седете дома... слушајте ги упатствата од Министерот за здравство... почитувајте ги и Вие препораките заради Ваша безбедност и безбедноста на Вашите блиски.
Одложете ги сите прегледи кои не се итни, бидејќи Вашето здравје и неговата заштита, останува наш највисок приоритет.
Уште еднаш да ги повториме мерките, а тоа се: задолжителна 14-дневна изолација, доколку некој доаѓа од ризичните региони, одржување лична хигиена, често и темелно миење на рацете и дезинфекција на рацете.