УКАЖУВАЊЕ
Со оглед на новонастанатата состојба со ширењето на корона вирусот (Ковид- 19), во ЈЗУ Општа болница–Охрид се превземаат следните мерки:
- се бара од матичните лекари да ги намалат упатите према болницата со тријажа према итните случаи, намалување на упатите за користење хронична терапија, лабораториските упати и упати за други дијагностики кои не се од итност
- се препорачува ограничување прием на пациенти во амбулантите упатени со приоритетни упати, освен за пациенти со крајна итност,
- се препорачува во амбулантите пациентите да не доаѓаат со „придружници“ и истите да не се задржуваат пред чекалните и шалтерите,
- се апелира до пациентите кои имаат закажано термин, преку системот „Мој термин“, истиот да го почитуваат, како не би се појавиле гужви пред амбулантите
- се одложуваат здравствени интервенции, кои не се многу итни
- сите пациенти да пополнат „Изјава“ за претходно патување во ризичните региони кои се зафатени со вирусот Ковид – 19
- пред секоја амбуланта на располагање има алкохол за дезинфекција на рацете и истата задолжително треба да ја изврши секој пациент пред да влезе во амбуланта
- пациентите со симптоми на грип (кивање, кашлање, течење на нос, температура), да останат дома и да направат телефонска консулатција со матичниот лекар па да постапат по дадените напаствија.
ЈЗУ Општа Болница –Охрид