ОРГАНОГРАМ

ОДДЕЛ ЗА НЕВРОПСИХИЈАТРИСКИ ЗАБОЛУВАЊА

На одделот за невропсихијатриски заболувања се врши здравствена заштита, лекување и подобрување на менталното здравје на возрасните и децата. Во работата се применуваат современи дијагностички и терапевтски третмани, кој вклучуваат интеграцијата на биолошки, психотерапевтски и социо-терапевтски процедури и индивидуализиран пристап на лицето кое има ментално растројство.

Работно време: 00:00 - 24:00

тел. (046) 267 267 лок.159

Др. спец. Ефтим Бакаловски
(раководител на оддел)
Валентина Николоска
(главен мед. техничар)

Лекарски кадар:

Др.спец. по неврологија Ефтим Бакаловски - раководител на оддел
Др.спец. по невропсихијатрија Тања Точкова
Др.спец. по психијатрија Јулија Василевска
Др.спец. по психијатрија Гулапка Валилеска

Стационарно лекување

  • Прием на пациенти упатени од матичен лекар во редовна процедура, ургентни пациенти упатени од екипи на итна медицинска помош, кои се третираат невропсихијатриски согласно медицина базирана на докази,
  • Лекување на пациенти согласно медицинската наука и специјализацијата, согласно протоколите за лекување,
  • Вршење на медицински интервенции,
  • Вршење на прегледи и други медицински испитувања а согласно специјалноста,
  • Административно работење, изготвување на температурни листи, отпусни листи,
  • Водење на евиденција за примени, лекувани пациенти.

Невропсихијатриска амбуланта

тел. (046) 267 267 лок.109

  • Лекување на пациенти кои се третираат амбулантно,
  • Работење во амбулантата согласно целта за остварување на здравствената заштита а врз основа на позитивните законски прописи и во интерес на установата.

Центар за ментално здравје

Работно време: 07:00 - 15:00

тел. (046) 267 267 лок.140 и 141

Мр. Славица Петреска
(Раководител на центар за ментално здравје)

Кадар

Мр.за корекција на слух, говор и глас Славица Петреска
Дипл. психолог Лидија Марковска
Дипл. психолог Мирјана Наумовска
Дипл. психолог Светлана Илоски
Дипл. психолог Билјана Тупанческа
Дипл.социјален работник Јованка Арнаудова
Дипл. дефектолог Александра Апостолова

  • Врши психодијагностички, логопедски и дефектолошки испитувања и следење на социјалната состојба на пациенти хоспитализирани во болницатa, на пациенти упатени преку специјалистичката амбуланта на болницата, на пациенти кои се испратени од примарна здравствена заштита, како и на пациенти кои се испратени на судско-медицинско вештачење,
  • Врши проценка на способности за управување со моторни возила, проценка на способност за ракување и поседување на оружје,
  • Врши проценка на работна способност и потреба од туѓа нега и помош,
  • Учествува во спроведувањето на социотераписката, окупационата и работната терапија и советодавна работа,
  • Спроведува истражувања за потребите на Болницата.

Центар за превенција и третман на болести на зависност од дрога

тел. (046) 258 969

Кадар

Општ лекар Весна Лаброска

  • Лекување на пациенти согласно медицинската наука, согласно протоколите за лекување,
  • Вршење на прегледи и други медицински испитувања,
  • Административно работење - изготвување на извештаи за лекување,
  • Водење на евиденција за примени, лекувани пациенти,
  • Водење на центарот за зависници.

Контакт

  • Адреса

    Ул. Сирма Војвода бр. 1
    Охрид 6000, Република Македонија


  • Телефон

    logo +389 46 267 267


  • Социјални мрежи