ОРГАНОГРАМ

ОДДЕЛ ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ

Одделот за хирургија врши клиничко испитување, предоперативна подготовка, оперативно, не-оперативно и постоперативно лекување и нега на пациенти кои се примени како резултат на патолошки промени и состојби во областа на општа хирургија. Одделот за хирургија врши специјалистичко консултативни прегледи, обезбедува амбулантско-поликлинички услуги и грижа за итна хируршка случаи.

Работно време: 00:00 - 24:00

тел. (046) 267 267 лок. 311

Др. спец. Диел Аголи
(раководител на оддел)
Др. спец. Милчо Стефановски
(раководител)
Татјана Наумоска
(главен мед. техничар)
Душка Кутаноска
(одговорен медицински техничар на оперативен блок)

Лекарски кадар:

Др. спец. по општа хирургија Диел Аголи - раководител на оддел
Др. спец. по општа хирургија Милчо Стефановски - раководител
Прим. др. спец. по општа хирургија Диел Аголи
Прим. субспец. др. на науки по општа трауматологија Никола Симновски
Др. спец. по општа хирургија Арсо Митрески
Др. спец. по општа хирургија Томе Гиновски
Др. спец. по општа хирургија Димитар Арнаудов
Др. спец. по општа хирургија Павел Цветаноски

  • Прием на пациенти упатени од матичен лекар во редовна процедура, ургентни пациенти упатени од екипи на итна медицинска помош, кои се третираат хируршки согласно медицинската наука,
  • Преглед на пациенти во ургентна амбуланта за прием и триажа со мала операциона сала доколку се хируршки односно во амбуланта доколку се хируршки индицирани,
  • Лекување на пациенти на одделот со отворање на историја на болест согласно медицинската наука, со примена на современи медицински методи и согласно акредитацијата која ја има Болницата а издадена од надлежен орган во Министерството за здравство на РМ,
  • Вршење на интервенции во мала операциона сала доколку пациентите се индицирани за таков вид интервенција,
  • Вршење на операции (класични или лапараскопски) во операциона сала согласно модерната медицинска наука и лекување на истите врз основа на донесените протоколи од Министерството за здравство на РМ,
  • Лекување на пациенти на оттсекот за интензивна нега после изведен оперативен зафат,
  • Испис на пациенти од одделот после завршено лекување.

Стационарно лекување

  • Лекување на пациенти со отворање на историја на болест согласно медицина базирана на докази, со примена на современи медицински методи и согласно акредитацијата која ја има болницата а издадена од надлежен орган во Министерството за здравство на РМ,
  • Вршење на интервенции во операциона сала во оперативен блок доколку пациентите се индицирани за таков вид интервенција,
  • Вршење на операции (класични и лапараскопија) во операциона сала согласно медицината базирана на докази и лекување на истите врз основа на донесените протоколи од Министерството за здравство на РМ,
  • Лекување на пациенти на интензивна нега после изведен оперативен зафат,
  • Испис на пациенти од одделение после завршено лекување.

Хируршка амбуланта

тел. (046) 267 267 лок. 303

  • Прием и тријажа на пациенти кои се третираат амбулантно со полесни хируршки индикации и прием на ургентни пациенти,
  • Лекување на пациенти кои се третираат амбулантно,
  • Интервенции кои се третираат како интервенции од полесен вид (сутури, преврски и сл.)

Оперативен блок со стерилизација

  • Вршење на операции во операциона сала согласно модерната медицинска наука и лекување на истите врз основа на донесените протоколи од Министерството за здравство на РМ.

Контакт

  • Адреса

    Ул. Сирма Војвода бр. 1
    Охрид 6000, Република Македонија


  • Телефон

    logo +389 46 267 267


  • Социјални мрежи