КВАЛИТЕТ

Во рамките на создавање на култура за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствените услуги, успешно е реализирана имплементацијата на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008.

Од Јуни 2014 год. ЈЗУ Општа болница влезе во процес на акредитацијата при Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во Република Македонија, чии сертификат ќе потврди формално признавање на сите дијагностички, тераписки, управни и технички процедури според највисоките стандарди на работење.

Приоритет во работата на ЈЗУ Општа болница Охрид е навремена и соодветна употреба на дијагностичките и терапевтски постапки во третманот на акутни и хронични заболувања и итни состојбина жителите на Охридскиот регион и сите оние кои престојуваат во нашиот град.Целта е зачувување на здравјето на граѓаните, квалитетот и должината на нивното живеење. Основа за реализација на овој приоритет е континуирана едукација на сите профили на здравствените работници и соработници и постојана иновација на знаењата и вештините и примена на најновaта медицинска технологија и медицинска опрема.Болницата работи со соодветна опрема, која што редовно се одржува и сервисира. На ниво на болницата донесен е Акт за проценка на ризик со кој се дефинирани ризици во сите области на работа.

Основните принципи кои ги следиме се:

  • Потполна посветеност на потребите на пациентите и здравствениот систем;
  • Усогласеност со највисоките етички стандарди на транспарентност, почитување, интегритет, ефикасност и ефективност;
  • Стремеж за постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита, фокусирана на пациентот, неговото семејство и најблиското опкружување;
  • Постојано унапредување на знаењето и вештините на сите вработени.

ЈЗУ Општа болница Охрид е установа во која низ времето доминира енергија, импресивна дисциплина и посветеност на вработените. Овој сертификат претставува голем успех за нас, а заслугата им припаѓа на сите вработени, како и на нашите соработници без чии труд и поддршка не би било можно да се заврши овој проект.

Ваковото признание претставува уважување на нашиот труд, но и голема обврска да работиме уште подобро и уште по квалитетно и да продолжиме во остварувањето на нашата цел кон очувување и унапредување на здравјето.

Со почит,
Тимот за Акредитација на ЈЗУ Општа болница Охрид

Контакт

  • Адреса

    Ул. Сирма Војвода бр. 1
    Охрид 6000, Република Македонија


  • Телефон

    logo +389 46 267 267


  • Социјални мрежи