ОРГАНОГРАМ

Правилник за внатрешна организација

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

УПРАВЕН ОДБОР

Со Болницата управува управен одбор. Управниот одбор го сочинуваат пет членови, од кои двајца членови од редот на стручните и компетентни лица вработени во Болницата кои ги избира стручниот орган, а тројца членови преставници на основачот кои ги именува основачот.

Внатрешни членови

  1. Др. Ѓорѓија Танески - претседател, спец. по гинекологија и акушерство
  2. Др. Лиљана Ангелеска, спец. по интерна медицина

Надворешни членови

  1. Африм Коку - заменик претседател
  2. Др. Харалмие Шокаровски, анестезија и реанимација
  3. Др. Александар Веслиевски, спец. анестезија и реанимација

ДИРЕКТОР


Мр.специјалист Славица Малеска Стојадиновиќ

БИОГРАФИЈА

ЈЗУ Општа болница Охрид е една од поголемите стационарни установи која обезбедува краткорочна и долгорочна медицинска нега која се состои од опсервација, дијагностички, терапевтски и рехабилитациони услуги обезбедени за лицата кои боледуваат или се претпоставува дека се болни од некоја болест или повреда, како и услугите кои ги нуди за мајките и нивните новороденчиња.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ...

Целта е пружање на што поквалитетна, поефикасна и ефективна здравствена заштита како и поголем обем на услуги од болничкиот сектор каде се планира оптимизирање на капацитетите со оптимално задржување во болницата, како и унапредување на дијагностичките и терапевтските дисциплини и процедури.

Во фокусот на нашите активности е пациентот, така што обезбедувањето на здравствена заштита не е само просто собирање на стандардизирани услуги, но и почитување на индивидуалните потреби на секој пациент. Особена заслуга за тоа имаат вработените во ЈЗУ Општа болница Охрид кои ги обавуваат беспрекорно своите професионални задачи и даваат максимален допринес за успешно извршување на планот за работа.

Еден од поголемите проекти кои ги реализиравме е реконструкцијата на стариот Оддел за хируршка медицина која резултираше со комплетно нова зграда, опремена со најсовремена медицинска и друга опрема, која што е една од најсовремените од овој вид во Р. Македонија и пошироко.

Од аспект на едуцирање на сегашните кадри со новите достигнувања во медицинската наука и техника ќе продолжи и оваа и наредните години со упатување на специјализација и супбспецијализација на нови кадри. Овозможуваме стручно усовршување и доедукација и на сите вработени што се пријавуваат на Владиниот проект преку Министерсвото за здравство за вршење едукација во странство.

ЈЗУ Општа болница – Охрид оди во чекор со развојот на современата техника и технологија. Развивме нови дијагностички методи и интервенции: мамографијата и лапраскопијата, кои дават одлични резултати во поглед на здравствената заштита на пациентите. Но ова е континуиран процес на унапредување кон кој тежнееме постојано.

Биохемиската лабаратаорија работи со полн капацитет и располага со најсовремена апаратура.

Поради зголемувањето на бројот на пациенти со алергиски реакции, а се очекува дека истиот тренд ќе се задржи и наредните децении, формиравме кабинет за алергологија.

Со цел е да се обезбеди квалитетна антенатална здравствена заштита отворивме Центар за психофизичка припрема за сите бремени жени.Преку медицинска и психо-социјална поддршка за трудниците и идните татковци, преку едукација и поддршка на двојките во периодот на бременоста организиравме обуката/курс кој ќе им овозможи заземање на правилен став кон породувањето, како и практична подготовка со вежби за породувањето и за нега на новороденчето.

Развојот на интегриран информатички систем во рамките на болницата е цел која е воспоставена и има потреба од постојано следење и постојано усовршување. Организрањето на електронското закажување на прегледи и процедури се инплементира преку “Мој термин” со цел пациентите да добијат што побрза и поквалитетна услуга.

Во нашата болница има интегриран план за подобрување на квалитетот на работата, план на човечки ресурси, финансиски план, план за јавни набавки. Постојат извештаи на комисијата за внатрешен стручен надзор, комисијата за подобрување на квалитетот, извештаи за следење на индикаторите за квалитет, се спроведува истражување за задоволството на корисниците на здравствените услуги.

УПРАВА

Работна единица за финансиско административни прашања

  • Водење на економската политика на болницата
  • Изготвување на финансиски планови и буџет на болницата
  • Следење на тековната фискална состојба, анализа на фискалната состојба и доставување на предлог решенија за истата
  • Тековно планирање на навремено плаќање на обврските

Сектор материјално-финансиски работи и сметководство

Во рамките на секторот за материјално - финансиски работи и сметководство функционираат следните одделенија:

  • Одделение за сметководство
    • Целокупната финансиска документација уредно се води, се врши контирање на сметководствените документи со дневна ажурност
    • Контираните документи се книжат во сметководство навремено и точно
    • Се врши фактурирање на услугите направени во болницата уредно и ажурно
    • Водење односно пресметка на плати и други надоместоци на плата
    • Прибирање на промет, негово евидентирање и на дневна основа уплата во банка
    • Чување и обезбедување на платни списоци и други финансиски документи
    • Водење на сметководство, благајничко работење
  • Одделение за финансии
    • Фактурирање на материјални средства
    • Ликвидирање на книговодствена документација
    • Контирање на книговодствена документација
    • Ажурно и секојдневно книжење на книговодствената документација
    • Чување и обезбедување на документацијата
    • Изготвување на економски анализи за работењето на установата
  • Одделение за планирање анализа и известување
    • Изготвува годишен план за видот и обемот на здравствени услуги и се доставува до ФЗУ на РМ
    • Се пресметуваат индикатори за квалитет на здравствена заштита и се доставува до Центаро за јавно здравје
    • Изработуваат статистички извештаи за месечен извештај за вработени, плати и годишен извештај за инвестиции кој се доставува до Државен завод за статистика
    • Се изработуваат извештаи за потребите на ЈЗУ Општа болница - Охрид со цел да се следи успешноста на нејзината работа

Сектор за административни и правни работи

  • Водење на сите правни и персонални работи, административни, општи и работи поврзани со безбедноста, управување со кризи во болницата
  • Следење и анализирање на законската и подзаконска регулатива од доменот на здравствената заштита

Во рамките на секторот за административни и правни работи функционираат следните одделенија:

  • Одделение за човечки ресурси
    • Во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го води регистерот на вработените во ЈЗУ Општа болница Охрид, изготвува годишни планови за вработување согласно потребите на болницата и изготвува полугодишни извештаи до Министерството за информатичко општество и администрација
    • Водење на делот за човечки ресурси
    • Изготвување на решенија за работа
    • Изготвување на решенија за годишен одмор
    • Водење на план за работните места
    • Водење на евиденција за боледува
    • Водење на евиденција за стручно усовршување
  • Одделение за правни и општи работи
    • Изготвување на нормативни и други акти (наредби, решенија, модели за работа, упатства и сл.)
    • Водење на административно технички работи уредно и ажурно со заведување и распоредување на службените акти во деловодник
    • Примање на пошта, архивирање, канцелариско работење
    • Координација со правната служба во Министерството за здравство а во врска со примена на упатства и насоки од истото
    • Доследна примена на законските одредби од доменот на работните односи
    • Објавување на огласи за вработувања, изготвување на договори за вработување, решенија за распоредување на работник и сл
    • Подготовка и спроведување на постапка за специјализации на вработените, за стручно образование и усовршување на вработените и сл
  • Одделение за ИТ системи и подршка
    • Консултација при набавка на компјутери и др.технички материјал во врска со информатичката опрема
    • Применување на системот “Мој термин“ од информатички аспект
    • Применување на системот ДРГ фактура од информатички аспект
    • Одржување на информатичкиот систем
    • Техничка поддршка на одделенијата за работа со компјутери

Сектор за јавни набавки

  • Изготвување план за јавни набавки за тековната година
  • Вршење на работи поврзани со подготовка и спроведување на постапките за доделување на договорите за јавни набавки како и реализација на истите
  • Водење на евиденција за спроведени постапки за ЈН
  • Следење и анализирање на законската и подзаконската регулатива од доменот на ЈН

Во рамките на секторот за јавни набавки функционираат следните одделенија:

  • Одделение за јавни набавки и општ магацин
  • Одделение - Централна болничка кујна
    • Организирање на работата во доменот на снабдување, магацин, кујна, хигиенски работи
    • Обезбедување на храна на пациентите, готвење
  • Одделение - Централна болничка перална
    • Одржување на хигиена во болничките простории, во кругот на Болницата, како и перење, пеглање на болничкиот веш.

Работна единица за техничка поддршка

Сектор за одржување на згради,опрема и апарати за ПП заштита

Се состои од:

  • Одделение за одржување на згради и ПП заштита,опрема и апарати
  • Одделение – котлара и хидрофорска постројка
  • Одделение за трафостаници, агрегати и технички гасови
  • Одделение за климатизација и вентилација
  • Одделение за обезбедување - Морга
  • Одделение за транспорт
  • Одделение за хигиена

Контакт

  • Адреса

    Ул. Сирма Војвода бр. 1
    Охрид 6000, Република Македонија


  • Телефон

    logo +389 46 267 267


  • Социјални мрежи