МИСИЈА ВИЗИЈА И ВРЕДНОСТИ

Мисија

ЈЗУ Општа болница Охрид е носител на здравствена заштита од секундарно ниво која обезбедува достапна, рационална, ефикасна и ефективназдравствената заштита на граѓаните од охридскиот регион и околните општини, како и на туристите кои престојуваат во Охрид, а имаат потреба од здравствена заштита. Со тимска работа и максимално искористување на расположливите ресурси, со постојано унапредување на квалитетот на работата обезбедуваме здравствени услуги во областа на дијагностиката, специјалистичко- консултативното и стационарното лекување на пациентите.

Со примена на современата медицинска технологија, имплементација на планираните активности кои се усогласени со националната здравствена политиката и примена на искуствата на здравствените професионалци, во согласност со стандардите за безбедна здравствена заштита и заштита на животната средина настојуваме бидеме основа на здравствената заштита на населението.

Визија

Наша цел е корисниците на здравствените услуги да се чувствувааат сигурно и да имаат доверба во стручните тимови кои се секогаш на располагање и кои се грижат за здравјето на граѓаните. ЈЗУ Општа болница Охрид се стреми кон достигнување на европските стандарди во обезбедување на здравствената заштита во сите сфери на работењето на установата во доменот на специјалистичко-консултативното и стационарното лекување, што би се потврдило со акредитација на болницата.

Вредности на ЈЗУ Општа болница Охрид

Вредностите по кои се раководат вработените во нашата болница ќе имаат приоритет во обезбедувањето на здравствена заштита. Во фокусот на нашите активности е пациентот, така што обезбедувањето на здравствена заштита не е само просто собирање на стандардизирани услуги, но и почитување на индивидуалните потреби на секој пациент се базирана на:

  1. Заштита на интересите на пациентот преку постигнување на висок квалитет во на здравствената заштита со очекување на најдобар можен исход и оптимална безбедност на пациентите;
  2. Правичност и хуманост во обезбедувањето на здравствената заштита се постигнува со забрана на дискриминација при обезбедување на здравствена заштита врз основа на раса, пол, возраст, национална припадност, социјално потекло, вероисповед, политичко или друго убедување, економскиот статус, културата, јазикот, видот на болеста, менталната и телесна попреченост. Почитување на личноста на човекот како хумано суштество, почитување на личното самоопределување, почитување на приватноста на личноста, хумани (човечки) релации меѓу пациентот, здравствениот работник и здравствениот соработник, засновани врз етичките и деонтолошките принципи;
  3. Достапност, рационалност, ефикаснот и ефективност на пружање на здравствената заштита преку постигнување на најдобри можни резултати во однос на расположливата опрема, простор, стручен кадар, работната организација и постоечките финансиски ресурси.
  4. Континуирано подобрување на квалитетот преку реализираните на мерки и активности кои се во согласност со современите достигнувања на медицинската наука и пракса зголемување на можноста за поволен исход и намалување на ризикот од други несакани ефекти врз здравјето и здравствената состојба на поединецот и на заедницата во целина;
  5. Тимска работа која се рефлектира во функционирањето на нашата институцијата како целина, во кој секој вработен е вреднуван како непроценлив капитал на човечките ресурси со постојана унапредување на знаењата и вештините со континуирана медицинска едукација и професионален развој.

Контакт

  • Адреса

    Ул. Сирма Војвода бр. 1
    Охрид 6000, Република Македонија


  • Телефон

    logo +389 46 267 267


  • Социјални мрежи