ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Дејноста на болницата, започнува со интеграцијата на целокупното здравство во општината Охрид, во далечната 1946 година, како ЗРО Медицински центар Охрид е основана во 1964 година, а од 2005 година се трансформира во Јавна здравствена установа Општа болница Охрид.

ЈЗУ Општа болница Охрид нуди услуги од високо-специјализирана специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво и обезбедува лекарства и друг санитетски материјал, задоволувајќи ги потребите на регионот.

ЈЗУ Општа болница Охрид, обезбедува и извршува здравствена заштита на населението од општината Охрид, а согласно законските прописи и на новоформираната општина Дебарца, со околу 70.000 жители.Во нашата установа гравитира и население од околните општини: Струга, Ресен и Кичево во Центарот за дијабетес, одделот за метално здравје, аудиолошкиот кабинет, инфективното одделение, неуропсихијатриско и геријатриското одделение, Центарот за наркозависници кои ги нема во горенаведените општини.

Во летниот период Охрид претставува втор политички, економски и културен центар во државата, со зголемен број на гости и туристи, а чии број дневно е поголем за 30.000 до 50.000 посетители.

Преку целата година Охрид е домаќин на многу меѓународни самити, стручни семинари, конгреси, спортски манифестации, припреми на спортски екипи од различни области, секции од најразлични научно културни дејности.

Располагаме со вкупна површина од 9 хектари, од кои под објекти 7613m² во основа, а етажно 11825m² изградена површина во функција на здравствена заштита (болнички блокови со придружна инфраструктура). Континуирано работиме на модернизација на постоечките просторни капацитети.

Во специјалистичко-консултативната дејност се врши: испитување и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба на корисниците, спроведува специјализирани, дијагностички, терапевтски и рехабилитациски постапки и дава специјалистички мислења и предлози, систематски прегледи, прегледи за возачи, и други работи.

Во болничката здравствена заштита се врши дијагностицирање, лекување, исхрана и постојан специјалистички надзор, примање и згрижување на итни медицински случаи, вршење секундарен транспорт на пациенти, обезбедување конзилијарно-медицинска помош, учествува во спроведувањето на посебни програми за спречување и рано откривање на заболувањата и повредите, предлага и дава упатства за домашно лекување, обезбедување здравствено воспитување на лицата на кои им се обезбедува здравствена заштита, обезбедува стручна помош на другите здравствени установи и обезбедува стручно усовршување на здравствените работници.

Контакт

  • Адреса

    Ул. Сирма Војвода бр. 1
    Охрид 6000, Република Македонија


  • Телефон

    logo +389 46 267 267


  • Социјални мрежи